Монако ќе им ги врати парите на навивачите по срамот во Париз

Новиот француски шампион Пари Сен Жермен го посрами ланскиот првак Монако победувајќи го со 7-1 со што тимот од малото кнежевство им ја предаде круната на „светците“.

Монако го доживеа еден од најтешките порази во францускиот шампионат, па управата на клубот се реши да им ги врати парите на сите навивачи кои си го платиле патот за да ги гледаат своите миленици во француската престолнина, како гест да им се оддолжат за поддршката, иако фудбалерите доживеаа невиден срам.

„Единствени кои беа дораснати на задачата беа навивачите. И покрај катастроалниот резултат се обидуваа да ја кренат екипата. Им ветуваме дека по овој срам ќе направиме сè во иднина да бидат горди на нас“, рече првиот човек на Монако, Вадим Василјев.

Тешко дека рефундацијата на парите ќе биде некоја утеха за навивачите на Монако, кој сега се обидува да ја задржи позицијата за да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и во следната сезона.