Монако го совлада Нант и избега од опасната зона (ВИДЕО)

Монако го запиша и третиот меч по ред без пораз, откако денеска славеше против Нант на домашен терен со 1-0, па така избега од зоната за испаѓање.

Желсон Мартинс во 13. минута го реши мечот, кога го постигна единствениот гол на средбата и им донесе три бода на „кнезовите“.

Монако во моментов има 22 бодови и се наоѓа на 16. место, односно два бода повеќе од опасната зона, каде што на 18. позиција е Дижон.

Во вториот меч, кој се играше во истиот термин, Анже ја совлада Ница со 3-0.