Модриќ се појави на тренинг на Реал Мадрид, но и натаму инсистира на трансфер

Лука Модриќ денеска го имаше првиот тренинг во кампот на Реал Мадрид откако заврши неговиот одмор по Светското првенство.

Шпанските и италијанските медиуми и натаму тврдат дека Хрватот е решен да замине во редовите на Интер. Тој денеска треба да има состанок со вториот човек во кралскиот клуб Хозе Анхел Санчез, но дека утре ќе се сретне и со Флорентино Перез.

Реал Мадрид е подготвен да му ја зголеми платата на Модриќ, но парите не се проблем за фудбалерот. Тој едноставно сака нов предизвик во кариерата, а не повеќе пари. Сепак понудата на Интер е далеку поповолна од онаа на Реал Мадрид, бидејќи италијанските медиуми шпекулирааат со понуда од 10 милиони евра годишно.

Ако Перез се согласи да го продаде Модриќ во Интер, голем проблем ќе биде обештетувањето. Јасно е дека Реал Мадрид нема да бара 750 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула, но првиот човек на Реал ќе инсистира на 75 милиони евра, што може да биде проблем за „нераѕурите“.