Модриќ се почести со луксузна вила вредна 12 милиони евра (ФОТО)

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ реши да се почести со луксузен дом за кој платил 12 милиони евра и истиот се наоѓа во Мадрид.

„АС“ пишува дека новиот дом на Хрватот е поскап од тој во кој живеел претходно, а има девет спални соби, салон за масажа, базен, теретана и многу други детали.

Исто така, вилата има и гаража во која може да се паркираат десет автомобили, а имотот вкупно има површина од 10.000 квадратни метри.