Модриќ се огласи преку Твитер, сега навивачите се ептен збунети! (ФОТО)

Најпопуларната фудбалска сапуница месецов продолжува со нова епизода, која дополнително долеа неизвесност. Лука Модриќ се огласи, но не со зборови или со изјава, туку со фотографија, која можеби кажува многу.

Случајот „Модриќ во Интер“ од час во час фаќа нов правец, а навивачите едноставно се збунети и не знаат дали да веруваат дека Модриќ сака да си оди од Мадрид или да си оди. Претпладнево, околу 11 часот, хрватскиот фудбалер објави фотографија од тренинг на својот профил на Твитер и напиша „Повторно на работа“.

Не требаше да помине долго водечките медиуми во Шпанија да ги наполнат своите насловни страници со оваа фотографија и со толкување дека ова значи - Модриќ останува. Тие сметаат дека со ова Хрватот сака да ги смири навивачите, во оваа медиумска бура која носи неговото име час во Милано, час во Мадрид.

Сепак, претходница на оваа епизода беа пишувањата дека Модриќ категорично сака да си оди, па затоа и неговите агенти биле во Мадрид. Денеска ќе има средба со Флорентино Перез, на која се очекваше тие да го убедуваат претседателот на „кралевите“ да го пушти Модриќ во Интер.

Од друга страна, пак и Реал долеа масло во огнот, менувајќи ја насловната фотографија на својот профил на Фејсбук и изоставајќи го Модриќ на неа. Тоа, пак, беше протолкувано како порака од клубот „Модриќ си оди“.