Модриќ не доаѓа во Милано, но Интер има две нови желби!

Италијанската екипа мораше да прифати дека Лука Модриќ наскоро ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид, па Интер реши да се посвети на нови засилувања.

Управата на Интер планира на „Џузепе меаца“ да го донесе Рафиња од Барселона, кој минатата година играше на позајмица кај нив и остави добар впечаток.

Но, во Милано е планирано уште едно засилување, а станува збор за одличниот Кеита Балде.

Поранешниот фудбалер на Лацио ќе пристигне на позајмица со право на откуп за 35 милиони евра, а трансферот треба да биде реализиран на почетокот на наредната недела.