Модриќ ја отвори душата: Добив повик во својата соба и почнав да плачам... (ВИДЕО)

За Лука Модриќ еден од најважните моменти во животот беше освојувањето на „Златната топка“, која ја доделува „Франс Фудбал“.

Модриќ лани со Реал Мадрид ја освои титулата во Лигата на шампиони, а со Хрватска стигна до сребрениот медал на Светското првенство во Русија, како круна на одличната сезона.

Хрватот така ја прекина доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои по пет пати ја освојуваа наградата.

Неколку недели пред гала-вечерта од францускиот магазин му откриле на 33-годишниот Модриќ дека е победник, а тој не можел да си дојде на себе од среќа.

„Бев во својата соба, па добив повик од уредникот на ‘Франс Фудбал’, а потоа почнав да плачам“, вели Модриќ.