Модриќ и Касемиро ја урнаа Севилја на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид во 20. коло од шпанската Ла Лига го доби дербито на „Сантијаго бернабеу“ со Севилја (2-0).

„Кралевите“ доминираа во поголемиот дел од натпреварот и имаа неколку шанси, но едноставно не можеа да ја затресат противничката мрежа.

Меѓутоа, во 77. минута од дуелот домаќините стигнаа до водечкиот погодок преку Касемиро, а конечните 2-0 ги постави Лука Модриќ.