Младиот тренер на Хофенхајм одби да го наследи Зидан во Реал Мадрид

„Билд“ пишува дека тренерот на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман не ја прифатил понудата на Реал Мадрид за да го преземе тренерското место.

Младиот стратег бил на листата со кандидати за заменик на Зинедин Зидан, кој даде отказ и изненади многумина.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез во потесниот избор ги ставил Маурицио Покетино, Јирген Клоп, Масимилијано Алегри и токму Нагелсман, но Германецот ја одбил таа можност.

Германецот има договор со Хофенхајм до 2021. година, па не сакаше да се активира неговата откупна клаузула порано, затоа што сака да остане во Германија и да се развива како тренер.

Минатата сезона, Хофенхајм заврши на четврто место во Бундеслигата, а оваа година напредуваше за едно место.