Млад напаѓач даде четири гола за 14 минути - три од нив беа од слободен удар! (ВИДЕО)

Неверојатна приказна пристигнува од Фарските острови, каде што напаѓачот Адријан Јустинусен се прослави така што постигна четири погодоци за 14 минути во триумфот на неговата екипа од 5-0.

Успехот на младото момче е огромен бидејќи освен четирите погодоци, имаше и една асистенција, а интересно е и тоа што три гола постигна од слободен удар.