„Мислев дека брат ми ме мрази, зашто соништата му беа уништени“

Поранешниот член на Барселона, а сега играч на Реал Бетис, Марк Бартра мислел дека брат му го мрази затоа што не успеал да изгради професионална кариера.

Додека Марк преку „Ла Масија“ успеа да изгради кариера и да заигра за првиот тим на Барселона, а потоа и за Борусија и Бетис, неговиот брат не успеа да направи кариера, па поради тоа мислел дека брат му го мрази.

„Мојот брат беше во Ла Масија. Игравме заедно и верував дека двајцата ќе успееме. Меѓутоа и помеѓу нас имаше ривалство. Не знам дали е тоа затоа што игравме за Барселона. Нашите односи не беа најдобри, а јас мислев дека брат ми ме мрази“, кажа Бартра,

Не му било сеедно кога во Барселона му соопштиле на Ерик дека нема да сметаат повееќ на него.

„Бев среќен што останувам, но мислев и на Ерик и нашито однос. Од тој момент нашите животи се разделени. Немаме играно, ниту тренирано заедно. Чувствував дека дел од мене е уништен“, објасни Марк.

Сепак, тој згрешил со неговата проценка, а тоа му го потврдила мајка му.

„Мајка ми кажа дека Ерик цел ден плачел поради моето заминување. Тогаш сфатив дека сме многу поблиску и дека постои вистинска братска љубов помеѓу нас“, кажа фудбалерот на Бетис.

Иако во Барселона помина седум сезони, Бартра настапи на 103 настапи за клубот и постигна шест голови.