Раиола „замеша“ прсти: Погба ќе го напушти Јунајтед ако не добие - астрономска плата!?

Мино Раиола е еден од најомрезените менаџери кај клубовите, холанѓанскиот фудбалски агент константно прави притисок, па очггледно успеал да  му ги промени размислувања на неговиот „клиент“ Пол Погба. Иако сите помислија дека со доаѓањето на Оле Гунар Солшер, Французинот ќе остане долго време на „Олд Трафорд“, сепак играчот од средниот ред не размислува во таа насока. 

Според информациите од англиските медиуми, Погба разговарал со Раиола и му соопштил дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Според Франзуцинот, „црвените ѓаволи“ нема во блиска иднина да состават конкурентен тим кој ќе му се спротистави на Манчестер Сити во домашното првенство но и на европските гиганти во Лигата на шампионите. 

Ова фактички е еден вид на тактика од двоецот Раиола-Погба, тие со ова сакаат да го уценат Манчестер и да издвојуваат годишна плата од 20 милиони евра по сезона, доколку Јунајтед сака и во наредниот период да го има поранешниот фудбалер на Јувентус во своите редови.