Милнер доби нов договор: Привилегија е да се игра за Ливерпул!

Ливерпул денеска му го продолжи договорот на тренерот Јирген Клоп, а веднаш потоа реши да потпише нова соработка и со Џејмс Милнер.

Милнер досега одигра 198 меча за клубот, а притоа постигна 25 голови и на секој меч покажува колку е важен за екипата на Клоп.

„Јас сум среќен и имам привилегија да играм за Ливерпул, имам одлични спомени и уживам во клубот кој се развива. Уживам да тренирам секој ден и да соработувам со ваква група на фудбалери, тренер и останати луѓе во стручниот штаб“, порача Милнер.

Милнер благодарение на новиот договор ќе остане на „Енфилд“ до 2022 година.