Милик со два гола ја реши Верона: Елмас остана на клупа (ВИДЕО)

Наполи славеше со 2-0 на домашен терен против Верона во рамки на 8.коло во Серија А. 

Аркадиуш Милик беше играч на натпреварот, бидејќи ги постигна двата гола. Полјакот прво погоди во 37-та минута по асистенцијата на Фабијан Руиз, а победата ја обезбеди во 67-та минута со својот втор погодок. За голгетерот ова беа први погодоци сезонава. 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на овој натпревар не доби шанса од тренерот Карло Анчелоти и остана на клупата за резервни играчи.