Миланско дерби за ѕвезда на Фиорентина

Гаетано Кастровили е еден од најдобрите играчи на Фиорентина сезонава и покрај потпросечните резултати на клубот. 

Фудбалерот од средниот ред, кој има 23 години со своите игри го привлече вниманието на миланските гиганти Интер и Милан. Двата клуба сериозно се заинтересирани за Кастровили, кој веќе го запиша и својот прв настап за сениорската репрезентација на Италија.

Интер сака да продолжи да го подмладува средниот ред, бидејќи Борха Валеро летово си заминува. Клубот ја има финансиската моќ да испрати понуда до Фиорентина, што тешко се одбива. Сепак, Милан има нешто што Интер во моментов не може да му го понуди на фудбалерот.

Тоа е стандардно место во првиот тим и загарантирана минутажа. „Росонерите“ ова лето всушност ќе останат со само неколку фудбалери во средниот ред, бидејќи договорите на Џакомо Бонавентура и Лукас Билја истекуваат. Кастровили во неколку наврати јавно има изјавено дека е навивач на Милан и дека негов идол од детството е Рикардо Кака.

Милан во трансферот може да го вклучи Лукас Пакета, фудбалер за кој Фиорентина е сериозна заинтересирана.