Милано слави: Интер го реши Јувентус за да му најави дека сезонава титула нема да види (ВИДЕО)

Милански Интер го доби вечерва големото италијанско дерби со Јувентус и победи со 2-0 за да се врати на победничкиот колосек и повторно бодовно да се израмни со градскиот ривал Милан, но на актуелниот првак да му избегаат седум бодови по 18 кола во Серија А.

Голем триумф запишаа „нераѕурите“ во сезоната во која атакуваат конечно да ја прекинат доминацијата на „старата дама“, која има девет скудета во низа, па Артуро Видал и Николо Барела постигнаа два гола со кои го решија првакот и му ја прекинаа победничката серија од три меча по ред.

Навреме Интер ги даде двата гола за да го победи Јувентус. После само 13 миниути, Видал, кој прво ги изнервира навивачите на „нераѕурите“ откако го бакна грбот на големиот ривал погоди по асистенција и одличен центаршут на Барела, а потоа асистентот седум минути по стартот на вториот дел ја дуплираше предноста и не му остави на Јувентус премногу за да се надева барем за бод.

„Нераѕурите“ со триумфот сега имаат 40 бода, колку и лидерот Милан, но „росонерите“ утре го играат својот меч со Калјари, па со триумф имаат шанса да избегаат на плус три, но повторно да се вратат и на двоцифрена предност во однос на Јувентус, кој истата ја намали откако ги победи во неодамнешното дерби. „Старата дама“, пак, остана на 33 бода и на петото место, но со меч помалку од Интер.