Милан трие раце зашто ќе добие 24 милиони евра од Севилја!

Милан го испрати Сусо во Севилја како позајмен фудбалер во Севилја уште во јануари, а сега клубот од Андалузија ќе го откупи Шпанецот бидејќи постоеше таква клаузула во неговиот договор.

Севилја вчера обезбеди пласман во Лигата на шампиони и така ја активираше откупната клаузула, па Милан ќе добие дури 24 милиони евра за шпанскиот фудбалер.