Милан влезе во ритам: „Росонерите“ го прегазија Емполи (ВИДЕО)

Милан одигра уште еден одличен натпревар во италијанската Серија А, откако денеска го совлада Емполи со 3-0 на домашен терен.

„Росонерите“ одиграа одлично прв полувреме, а по првите 45 минути резултатот беше 0-0, па победникот мораше да се реши во второто полувреме.

Криштоф Пјонтек стрелаше во 49. минута за 1-0, а две минути подоцна Франк Кеси зголеми на 2-0, па тука речиси беше јасно дека Милан ќе го запише третиот триумф во серија.

Победата на Милан на „Сан Сиро“ ја потврди Кастилјехо, кој во 67. минута погоди за конечни 3-0 и нови три бода за „росонерите“.

Милан во моментов се наоѓа на четвртата позиција со еден бод помалку од третопласираниот Интер.