Милан се спаси од пораз од Удинезе со пенал во 95.минута (ВИДЕО)

Милан во минатото коло успеа да ја совлада Рома на „Олимпико“, но денеска ја продолжи очајната форма со реми против Удинезе од 1-1 во рамки на 25.коло во Серија А. 

Миланезите повеќе не се тимот кој половина сезона беше лидер во калчото, а тоа го покажаа и вечерва, а се спасија од пораз во судиското продолжение. „Бункерот“ на гостите беше ефикасен, а водство за гостите донесе Родриго Бекао во 68-та минута кога погоди по еден корнер на Родриго де Паул, но на голот му кумуваше и Џанлуиџи Донарума. 

Домашниот тим се спаси буквално во 95.минута, кога Стригер Ларсен неверојатно играше со рака во својот шеснаесетник, а Франк Кеси реализираше од белата точка. За тимот од „Сан Сиро“ тоа беше 16-ти пенал сезонава. 

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го одигра цел меч за гостите. 

Горан Пандев влезе во второто полувреме на градското дерби помеѓу Џенова и Сампдорија што заврши без победник 1-1.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Аталанта - Кротоне 5-1
Беневенто - Верона 0-3
Калјари - Болоња 1-0
Фиорентина - Рома 1-2