Милан продаде дефанзивец за 4,5 милиони евра

Милан продаде уште еден фудбалер кој беше на позајмица. По Мануел Локатели кој го продаде на Сасуоло за 10 милиони евра, „росонерите“ официјално го продадоа и парагвајскиот дефанзивец Густаво Гомез.

Палмеираш го откупи Парагваецот за 4,5 милиони евра, а оваа сума била договорена минатото лето. Бразилскиот клуб летото плати 1,5 милиони евра само за позајмицата на Гомез, а тоа значи дека Милан вкупно инкасира шест милиони евра.

Гомез е вистински столб во одбраната на Палмеираш. Тој запиша 29 мечеви минатата сезона, на кои постигна шест голови. Во моментов е член на репрезентација на Парагавај на Копа Америка, но поради суспензија нема да игра на првите два натпревари од групната фаза.