Милан нуди шест милиони евра, Ибрахимовиќ сака повеќе

Златан Ибрахиомвиќ и Милан продолжуваат со преговорите, но засега двете страни се далеку од договор. 

Ветеранот сака да се врати во Италија и да ја продолжи кариерата иако веќе има 38 години. Швеѓанецот е најблизу до Милан, на кого очајно му е потребно големо име во тимот. 

Последната понуда на „росонерите“ до ветеранот е шест милиони евра за 18 месеци или договор до јуни 2021 година. Проблемот е тоа што Ибрахимовиќ очекува плата од девет милиони евра за овие 18 месеци.

Засега двете страни се доста далеку од конечен договор, но реалноста е дека ниту еден тим во Италија нема да му понуди девет милиони евра на Ибрахимовиќ за 18-месечен договор.

Ваква сума би можел да извлече само во Кина или некој од клубовите од Средниот Исток.