
Милан најде лев бек во Премиер лигата, првата понуда им е одбиена!
Во преговорите е вклучен и агентот Жорге Мендеш, кој работи на реализација на зделката, откако Еквадорецот јасно ставил до знаење дека сака преселба на „Сан Сиро“.
Милан е во потрага по ново решение за левата бековска позиција по заминувањето на Тео Ернандез, а Еступињан е прв на листата.
Брајтон засега не попушта, но разговорите продолжуваат и двете страни се оптимисти дека може да дојде до договор.