Милан може да остане без дефанзивец: Бонучи добил примамлива понуда од Англија!?

Леонардо Бонучи летоска го засили тимот на Милан, но најверојатно ќе ги напушти „росонерите“ побрзо отколку што некој можеше да очекува, зашто наводно добил понуда каква што не се одбива.

Бонучи играше добро во вториот дел од сезоната, но не ги оправда вложените 40 милиони евра. Сега 31-годишниот дефанзивец нема време да го чека Милан да се врати во Лигата на шампиони, а наводно спас му нуди Жозе Мурињо.

Италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати 40 милиони евра за Италијанецот, а одлуката останува на Милан.

Од претходно е познато дека Јунајтед има големи проблеми со стопери, Линделоф е промашување, Смолинг ќе го продаваат, а најверојатно ќе остане Фил Џонс, но Португалецот сака уште еден искусен дефанзивец.