Милан ќе одржи минута молчење во чест на својот голем навивач - Коби Брајант (ВИДЕО)

Утрешниот натпревар помеѓу Милан и Торино во рамки на четвртфиналето во Купот на Италија на „Сан Сиро“ ќе започне со минута молчење во чест на трагично загинатиот Коби Брајант. 

„Росонерите“ на своите дресови ќе носат и црни ленти. Коби Брајант беше голем навивач на Милан, а се вљубил во клубот додека растел во Италија. Неговиот татко играл кошарка на Апенините, па Брајант растел со мајсториите на Марко ван Бастен, Руд Гулид и Паоло Малдини.

„Ако ми ја пресечете едната рака јас ќе крвавам црвено-црно, ако ми ја пресечете другата рака ќе крвавам жолто-виолетово“, изјави своевремено Брајант.