Милан и официјално има нов тренер

Марко Џампаоло во следните три години ќе биде тренер на Милан и ќе го наследи Џенаро Гатузо. 

Џампаоло изминатите три сезони беше на кормилото на Сампдорија, каде имаше одлични резултати. Претходно има работено во Емполи, Кремонезе, Бреша и многу други помали италијански клубови, а Милан ќе биде негов најсериозен предизвик во кареирата.

Тој потпиша тригодишен договор со јуни 2022 година.