Милан и без Ибра знае да победува: „Росонерите“ лесно ја победија Фиорентина (ВИДЕО)

Поранешниот италијански првак Милан продолжува да импресионира, па денеска и без својата најголема ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој е повреден успеа лесно да ја победи Фиорентина со 2-0 и да остане на плус пет од најблиските ривали по девет рунди во Калчото.

„Росонерите“ за нецел половина час ја завршија работата откако Ромањоли во 17-та и Кеси во 28-та дадоа два гола, а патем Кеси промаши и пенал во 40-та за уште поубледил троиумф, по што миланезите остануваат едиснтвени заедно со Јувентус кои сезонава немаат пораз, ама со веќе шест бода повеќе од „старата дама“, а пет од најблиските ривали Интер и Сасуоло кои имаат по 18.

Ова за милан беше трета победа во последните четири меча, додека Фиорентина го запиша третиот пораз во последните четири меча и со осум бода досега е само на три бода над зоната за испаѓање.

Болоња со 1-0 го победи Кротоне во денешниот втор меч во овој традиционален термин од 15 часот на Апенините