Милан го продолжи договорот со својот најдобар играч

Сусо потпиша нов договоро со Милан според кој ќе остане на „Сан Сиро “ до 2022 година. Шпанскиот интернационалец минатата сезона беше најдобриот фудбалер на „росонерите“, а се очекува и во иднина да биде лидер на тимот.

„Милан е среќен што може да објави дека Сусо потпиша нов договор и ќе биде наш играч до 2022 година. Долго го чекавме овој момент, а еве сега работата и официјално е завршена. Ова се добри вести за сите наши навивачи и се надеваме дека Сусо ќе биде еден од клучните наши играчи во иднина“, стои во соопштението на Милан. 

Сусо пристигна во Милан во јануари 2015 година од екипата на Ливерпул. Сезоната 2015/2016 ја мина на позајмица во Џенова, но минатата сезона под водство на Винченцо Монтела вистински блесна. Според новиот договор Шпанецот ќе заработува три милиони евра по сезона, што е три пати повеќе од неговиот претходен договор.