Милан ги одби понудите кои пристигнаа за Конти

Калчолигашот Милан одби да го продаде одбранбениот играч Андреа Конти. За 25-годишниот Италијанец интерес пројавија Парма и Вердер од Бремен, пренесува „Скај Спорт“.

Милан го купи Конти во 2017 година од Аталанта за 24 милиони евра. Сепак, поради честите повреди, фудбалерот успеа да одигра за „росонерите“ само 20 натпревари во две сезони.

Сепак, стручниот штаб на „росонерите“ сè уште сметаат на својот фудбалер.