Милан ги „клонираше“ Кака и Шевченко (ФОТО)

Во летото 2017 година Милан потроши преку 220 милиони евра на нови засилувања, кога тимот беше во сопственишто на Ли Јонгхонг, но резултатите беа разочарувачки. 

Со преземање на тимот од „Елиот Фонд“ и назначувањето на Леонардо за спортски директор, работите комплетно се сменија за „росонерите“. Бразилецот дефинитивно знае да одбере вистинско засилување за тимот. 

Неговиот прв потег беше Тимуе Бакајоко од Челси. Французинот дојде на позајмица и на првите натпревари не делуваше дека ќе биде од помош за тимот, но како минуваше времето, тој прерасна во главен играч во средината од теренот и незаменлив дел од првата постава на Џенаро Гатузо.

Леонардо својата магија ја потврди и зимава, со ангажманот на Лукас Пакета и Кжиштоф Пјонтек. Двајцата дојдоа во Милан за 35 милиони евра и веќе покажуваат дека се светла иднина на клубот.

Пакета синоќа против Калјари го постигна својот прв гол во дресот на „росонерите“, додека Пјонтек веќе четвртиот гол во победата од 3-1. Навивачите веќе ги споредуваат двајцата со легендарните фудбалери на клубот Рикардо Кака и Андриј Шевченко. А оваа фотографија го потврдува тоа.