Милан е расположен да го продаде Донарума - за 90 милиони евра

Ако Милан не обезбеди пласман во Лигата на шампиони ќе мора да продава добар дел од своите играчи или еден, но оној најскапиот. 

Италијанските медиуми шпекулираат дека „росонерите“ се расположени да го продадат својот голман Џанлуиџи Донарума и тоа за неверојатна сума од 90 милиони евра. 

Интерес за Италијанецот има од таборот на ПСЖ, кој е во потрага по нов голман. Неговиот агент Мино Рајола дефинитивно ќе биде расположен за трансфер, бидејќи би инкасирал фантастична сума како провозија.

Милан исто така би заработил добро и би го покрил евентуалниот минус од неиграњето во Лигата на шампионите идната сезона.