Ибрахимовиќ е најблизу до дресот на Милан: Веќе има и официјална понуда

Златан Ибрахимовиќ е решен да се врати во Италија, откако заврши со двегодишната одисеја во МЛС-лигата. 

Многу клубови се заинтересирани за ветеранот, но се чини дека неговиот поранешн клуб Милан е најблизу до негов ангажман. Во конечната одлука на Ибрахимовиќ има влијание и неговото семејство, а најмногу сопругата, која сака да живее во Милано.

Швеѓанецот голем дел од кариерата мина во Интер, а потоа и во Милан, па семејството Ибрахимовиќ во овој град се чувствува како дома.

Неговиот агент Мино Раиола веќе имал првични разговори со челниците на Милан. Звонимир Бобан веќе му ја соопштил и понудата за фудбалерот, која изнесува шест милиони евра за договор на 18 месеци. 

Иако Ибрахимовиќ бараше плата од милион евра месечно, јасно е дека ниту еден клуб во Италија нема да му понуди ваков договор со оглед на тоа дека има 38 години. Можеби повеќе среќа би имал во некој од кинеските клубови, но неговата желба е сепак да игра во Серија А.

„Газета дело спорт“ објавува, дека Ибрахимовиќ ќе ја донесе својата конечна одлука за две недели.