Михајловиќ се врати нa терен и одржа тренинг со фудбалерите на Болоња (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ во јули соопшти дека боледува од леукемија, па од тогаш заврши два циклуси на хемотерапија, а притоа ги следеше случувањата во Болоња.

Тренерот на Болоња постојано ја гледаше својата екипа, а сега се врати и на теренот, кадешто на тренинг-центарот на клубот го водеше тренингот со фудбалерите.

Треба да се спомене дека поради хемотерапијата, имунитетот на Михајловиќ е слаб, па обична настинка може да направи проблеми. Токму поради тоа се чека дозвола во моментов од докторите за да го води својот тим на гостувањето во Торино кај Јувентус.