Михајловиќ откри: Требаше да го преземам Јуве, но Конте ми ги уништи плановите!

Синиша Михајловиќ во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за многу теми, а откри дека во минатото можел да го преземе Јувентус.

Во 2014 година Михајловиќ имал шанса да седне на „жешкото“ столше на „Старата дама“. Тогаш Антонио Конте размислувал дали да остане во клубот, а додека тој го правел тоа, управата имал контакти со Србинот.

Меѓутоа, Конте се предомислил и ги почнал летните подготовки, а потоа сите ги изненадил и заминал.

„Ги договорив условите со Јувентус. Бев кај претседателот Ањели, заедно со директорите Марота и Недвед. Потоа Конте реши да остане за да даде оставка два месеци подоцна. Јас останав во Сампдорија, а во Торино стигна Алегри“, открива Михајловиќ.