Михајловиќ девет дена беше тренер на Спортинг, а си ќари милиони евра

Синиша Михајловиќ конечно го доби спорот со Спортинг Лисабон и од денеска е побогат за три милиони евра. 

Српскиот стратег во летото 2018 година потпиша тригодишен договор со португалскиот гигант за да седне на клупата, но потоа беше отпуштен само девет дена подоцна, откако се смени претседателот на клубот.

Михајловиќ веднаш го тужеше Спортинг и го доби спорот на Суд. Требаше да му бидат исплатени 3 милиони евра обештетување, но Португалците оддолголвелкуваа со исплатата. Судот им се закани, па во оваа 2021 година Михајловиќ ги добие парите и тоа во три рати.

Утринава на неговата сметка легнале и последните 900.000 евра од вкупната сума.