Мицевски игра во одлична форма во Летонија – веќе стигна до втор гол за РФС

Екс-вардаровиот капитен Дарко Мицевски влезе во одлична форма во својот нов клуб РФС Рига, па веќе го даде вториот гол за својот нов клуб каде дојде зимава како засилување, откако погоди во триумфot со 4-2 против Ноа.

Мицевски го даде последниот четврти голз а својот тим по еден час игра и со новата победа РФС е на делба на првото место заедно со Валмеира со по 14 бода.

Македонскиот репрезентативец кој беше повикан за националниот тим во минатата година во Лига на нации, зимава се пресели во Летонија после тоталниот хаос во најтрофејниот клуб поради беспарицата, милионскиот долг и турбуленциите што веќе подолго време го тресат, па црвено-црните се доведени на раб на испаѓање во Втората лига.