Меси за 33 гласа го победи Левандовски (ФОТО)

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси ја освои својата седма „златна топка“ во изборот на најугледниот француски магазин „Франс Фудбал“, кој од 50-те години на минатиот век ја доделува оваа најпрестижна награда.

И Меси после 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година, годинава повторно е прогласен за најдобар после освојувањето на Копа Америка со Аргентина, но никогаш досега потесно не победил во еден избор за оваа награда, зашто својот најголем ривал Роберт Левандовски го победи за само – 33 гласа.

Меси освои 613 гласа, додека Левандовски доби 580, а трет заврши италијанскиот репрезентативец Жоргињо, кој со Италија стана европски првак, а со Челси европски клупски шампион во оваа 2021 година.

Веќе од поодамна се води дебата во фудбалската јавност дали Меси заслужува(ше) годинава да биде избран, но Аргентинецот победи во изборот за кој многумина не се согласуваат. Левандовски многумина го гледаа како победник и како исправање на неправдата за недоделување на оваа награда во ланската 2020 година, но Полјакот остана само „сребрена топка“.

Меси по добивањето на седмата „златна топка“ посочи дека Левандовски лани ја заслужил наградата и „Франс Фудбал“ згрешил што не му ја додели.