Меси во Севилја стигна до два големи јубилеи кои тешко некој да ги достигне

Лионел Меси практично сам ја совлада Севилја во денешниот натпревар од Ла Лига, постигнувајки три погодоци, кои воедно му донесоа и два големи јубилеја. 

Аргентинскиот волшебник денеска го оствари својот 50 јубилеен хет-трик во својата кариера, а притоа го постигна и својот 650 гол Неговото извонредно денешно издание на „Санчес Писхуан“ има двојно значење - три бода за Барса, но и два големи успеси за Меси.