Меси пред точно 18 години ја потпиша највредната салветка во историјата!

На денешен ден пред 18 години Барселона го направи можеби најважниот потег во својата историја кога му понуди договор на Лионел Меси и тоа на салветка.

Скаутите биле импресионирани од талентот на малиот 13-годишен Аргентинец и она што може да го направи со топката во нозе. Тогашниот технички секретар Карлос Рексач сакал веднаш да го ангажира Меси, но претседателот, Жоан Гаспар не бил премногу импресиониран и се мислел дали на фудбалеорт да му биде понуден договор.

Сепак, за Меси да не заврши во друг клуб Рексач бил на состанок со контактот на Меси во Шпанија, Хорасио Гаљиоли и менаџерот Хосеп Марија Мингела. Тој решил веднаш да му понуди договор на фудбалерот, бидејќи Гаљиоли веќе му се заканил дека Меси ќе го понуди на Реал Мадрид. Рексач немал хартија со него, па првиот договор за Меси го подготвил на салветка од ресторанот. Откако договорот бил потпишан, Меси веќе бил фудбалер на Барселона.

„Во Барселона, на 14 декември 2000 година во присуство на посредниците Мингела и Хорасио, Карлос Рексач, техничкиот секретар на Барселона и обврзан под своите ингеренции и покрај некои противења од други лица, да потпише со фудбалерот Лионел Меси доколку бидат задржани финансиските услови“, стои во текстот на салветката.

Останатото е веќе историја. Меси дебитираше за првиот тим на „каталонците“ на 16 октомври 2004 година против Еспањол. Аргентинецот во дресот на Барселона освои пет „Златни топки“, девет шампионски титули во Ла Лига, шест трофеи во Кралскиот Куп и четири титули во Лигата на шампиони.