Уште еден рекорд: Жирона е 36-та жртва на Меси во Ла Лига (ВИДЕО)

Лионел Меси освен што стана најдобриот асистент во историјата на Ла Лига, вечерва против Жирона стигна до уште еден рекорд. 

Тој успеа да ги мине Раул Гонзалес и Ариц Адуриз, со тоа што Жирона е 36-тиот различен тим во Ла Лига против кого има постигнато барем еден гол.