Меси: Одбив доживотен договор од Барселона!

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси, кого многумина го сметаат за најдобар играч на сите времиња, призна дека одбил доживотен договор од Барселона, во интервју за радиото „Метро“.

Меси пред неколку дена прослави 15 години откако првпат заигра во професионалци и оттогаш почна да ја пишува фудбалската историја во која досега освои пет „златни топки“, шест „златни копачки“, преку 30 трофеи, четири европски титули...

„Точно е, Барселона ми нудеше доживотен договор, но јас го одбив. Не сакам така долгорочно да се врзувам. Сакам тука да играм, сакам да останам во Барселона цел живот, можеби тој договор беше добар од финансиски аспект, но... Јас не размислувам така. Јас мислам само како да освојуваме трофеи со Барселона и ништо повеќе“, вели Меси.