Меси од пенал донесе нов триумф за Барселона (ВИДЕО)

Барселона им се врати на победите во шпанската Ла Лига, откако денеска го совладаа Валјадолид со 1-0 со голот на Лионел Меси од пенал.

Аргентинецот го реши дуелот во 43. минута, откако стрелаше од пенал за 1-0, а во второто полувреме доби уште еден пенал, но не успеа да го искористи, па на крајот Каталонците славеа минимално.

Барселона е лидер во шпанскиот шампионат со 54 бодови, односно седум повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид.