Меси играше против 85 противници, но само еден не успеа да го победи!

Лионел Меси против Лион ја запиша својата 476. победа во дресот на Барселона и со тоа се израмни со легендарниот Чави.

На Меси за ова постигнување му беа потребни 673 натпревари, додека Чави одигра 767 меча за да стигне до толку победи.

Интересен е податокот дека Меси во 15 години, колку што игра за Барселона, одигра против 85 различни тимови, а само против една екипа нема победено никогаш.

Единствен тим кој Меси не успеа да го победи е УДА Граменет и тоа во второто коло од „кралскиот клуб“. Меси тогаш ја играше својата прва сезона во Барселона, а настапи од првата минута и тоа беше неговото деби за Каталонците.

Играше до средината на првото полувреме, а тогаш на негово место влезе во игра Самуел Ето, а потоа Меси повеќе не заигра против овој тим и мечот заврши со минимален пораз на Каталонците од 0-1.