Меси е семоќен: Издрибла тројца фудбалери на Бетис како мали деца (ВИДЕО)

Барселона славеше со 5-0 на гостувањето кај Бетис во рамки на Ла Лига. Лионел Меси даде два гола и имаше една асистенција за Луис Суарез.

Навикнавме на вакви изданија на Аргентинецот, но никогаш нема да биде сеедно кога го гледаме како ги дрибла противничките фудбалери како да се „конуси“ за тренинг.

Во 85-тата минута во својата половина прими една топка од Нелсон Семедо и почна да ги омаловажува фудбалерите на Бетис. Тројца се обидоа да му ја земат топката, но тоа ништо не му значи на Меси и ги „прати по бурек“.