Меси даде четири гола и ја врати Барселона на врвот (ВИДЕО)

Барселона славеше со убедливи 5-0 против Еибар во 25. коло од шпанската Ла Лига и за момент се искачи на првото место на табелата, откако Лионел Меси постигна четири погодоци.

Меси за само 40 минути поминати на теренот успеа да постигне хет-трик, по што до неговиот четврти погодок се чекаше до самата завршница, кога стрелаше повторно во голот на гостите. Додека конечните 5-0 ги постави Артур во 89. минута.

Барселона е на првата позиција со 55 бодови, односно два повеќе од Реал Мадрид, кој има одиграно и еден меч помалку.