Менаџерот на Роналдо за прикаската со Барселона: Сè е лага!

Откако денеска излезе шпекулација дека Јувентус го понудил Кристијано Роналдо на шпанска Барселона, вест која предизвика земјотрес во светот, менаџерот на најдобриот португалски фудбалер Жорге Мендеш се јави кратко и – сè демантираше.

Роналдо после елиминацијата на Јувентус од ЛШ, повторно е во фокусот поради наводно заминување од Торино, па прво се појавија информации за негов трансфер во ПСЖ, а сега дека ѝ е понуден на Барса.

„Сè е лага“, само кратко прокоментира најмоќниот менаџер на светот.

Роналдо пред две години дојде во Јувентус за 115 милиони евра и има договор до 2022 година, а Португалецот по освојување на новото „скудето“ објави дека останува во Торино во обид да направи хет-трик на титули во Италија.

Португалската суперѕвезда е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, кој влезе во легендите како најдобар стрелец во историјата на клубот, освои четири европски титули, а дојде од Манчестер јунајтед во 2009 година за тогашен светски рекорден трансфер од 90 милиони евра.