Менаџерот на Ипсвич им ги плаќа патните трошоци на навичите (ФОТО)

Пол Ламберт има очајна сезона на клупата на Ипсвич, тим кој се наоѓа на последното место во Чемпионшип дивизијата. Тој сепак ја има подршката од управата на клубот и неговата работа е безбедна па дури и Ипсвич да испадне од втората англиска лига. 

Поранешниот менаџер на Астон Вила ја воодушеви англиската јавност со тоа што реши да им ги плати патните трошоци на навивачите кои ќе дојдат во Блекбурн да го бодрат Ипсвич на ова тешко гостување.

„Ми кажаа дека вие ќе патувате организирано од клубот да го бодрите Ипсвич на гостувањето во Блекбурн. Како лично благодарам што ќе дојдете на ова гостување да го бодрите тимот, би сакал да ги платам вашите патни трошоци. Клубот е среќен што има вакви навивачи на домашен и гостински терен, а без вас навивачите ние би немале фудбал.

На личен план би сакал да ви се заблагодарам за подршката што ми ја давате и ова е мој начин да ви кажам благодарам уште еднаш на луѓе како вас, кои патувате со тимот низ цела Англија. Со клубот е договорено да ви бидат вратени парите што ги плативте за ова гостувањето во Блекбурн“, стои во писмото на Ламберт упатено до сите навивачи кои платиле билет и пат за Блекбурн.