Мен-ју дава 400 милиони евра за Нејмар, ама Бразилецот има куп услови за да дојде?

Иако се најавуваше дека Реал Мадрид е единствениот клуб кој би можел да направи спектакл со трансфер на Нејмар од Пари Сен Жермен на „Сантјаго Бернабеу“, многу посериозен план за ангажман на Барзилецот барем во моментов има – Манчесер јунајтед,

Тоа што Нејмар не беше на славјето за шампионската круна со соиграчите во ПСЖ, јасно покажува дека деновите на овој фудбалски виртуоз се избројани во француската престолнина, па трансфер на лето со кој ќе биде поместена границата за светски рекордниот трансфер е се поизвесен.

Како што објавија дел од медиумите, Манчестер јунајтед веќе има план и подготвена страшна сума на пари за да го ангажира. Најавата е дека „црвените ѓаволи“ ќе дадат и 400 милиони евра за да го купат Нејмар, патем Бразилецот ќе добие многу повеќе од најплатениот Алексис Санчез (500.000 фунти) како неделна плата за да потпише на „Олд Трафорд“. Многуте пари за Јунајтед и посебно американските газди од семејството Глејзер не се премногу проблематични, затоа што тие се убедени дека бренд како Нејмар брзо ќе ја врати целокупната инвестиција.

И со вакви луди суми на пари, за очекување е дека трансфер би се случил, но Нејмар има и еден куп други услови што не се врзани со неговиот трансфер. Првиот дел од трансферот е условен со трансфери на уште двајца фудбалери. Првиот Хери Кејн, најдобриот Англичанец од Тотнем, а вториот Самуел Умтити од Барселона. Ако за Умтити, Јунајтед и нема премногу да се потроши, најмногу до 70-80 милиони евра, за Кејн ќе треба и тоа како да го одврзе ќесето зошто лондончани нема да ја продадат својата голема ѕвезда за помалку од 200 милиони евра.

И кога ќе се собере, Манчестер јунајтед ќе треба да потроши за еден преоден рок околу 700 милиони евра, а сосе долгогодишните договори на тројцата на „Олд Трафорд“ на име плати и бонуси, можно е да се мине границата од – една милијарда евра. Полудо очигледно и не може.

Ама, од условите на Нејмар нема крај. Па, додадени се уште два. На „Олд Трафорд“ да останат голманот Давид Де Хеа и францускиот играч за врска Пол Погба, кој од поодамна изјавува дека сака да игра со Нејмар.