Меч за долго паметење: Борнмут губеше со 0-3 на полувреме и на крајот – победи (ВИДЕО)
Причина за тоа е чудесниот пресврт на домашната екипа, која по првото полувреме беше во огромна негатива (0-3). Гостите поведоа преку Чонг уште во деветтата минута, потоа Огбене во 31. минута го удвои водството, а Баркли во судиското продолжение зголеми на 3-0. Кога ретко кој помислуваше дека Борнмут може да направи нешто повеќе, фудбалерите на овој тим во само 15 минути (помеѓу 50. и 65. минута) доаѓаат до изедначување и тоа со головите на Соланке, Забарни и Семењо. Последниот од нив беше стрелец и на победничкиот погодок во 83. минута за невидена ерупција на „Виталити стадионот“.
Борнмут со овој триумф дојде до 35 бода и сигурно бегство од опасната зона, каде што Лутон и понатаму останува со 21 бод на 18. место во англиската елита, последно кое води во понизок ранг.