Мбапе со два гола спречи срам на ПСЖ кај Генгамп (ВИДЕО)

Најдобриот светски младинец Килијан Мбапе не дозволи денеска Пари Сен Жермен да се избламира на првото сезонско гостување кај Генганмп, па крилото со два гола во последните седум минути од мечот ја обезбеди победата на „светците“ со 3-1.

Парижаните требаше добро да се испотат за да стигнат до трите бода, па на полувреме имаа негатива од еден гол, по што Нејмар од пенал во 53-та минута израмни, а Мбапе беше клучен за триумфот во завршницата.

По две кола во Франција, ПСЖ има максимални шест бода, исто колку и Ремс.