Мбапе: ПСЖ постоел пред мене и ќе постои и по мене

Килијан Мбапе летово реши да го продолжи договорот со ПСЖ и да го одбие Реал Мадрид. Французинот потпиша до јуни 2025 година. 

Мбапе ги негираше информациите дека останал во тимот затоа што му било понудено да има големи ингеренции во тимот, односно да дава свои предлози за нови фудбалери, за тренерот и секако кој да си оди од тимот. 

„ПСЖ е многу важен за мене. Можеби немав доволно време за да бидам романтичен со навивачите. Сакав прво да играм на ниво, но овој клуб мене ми значи многу, сите го знаат тоа. Јас дури сега влегувам во овој проект, јас не бев основата на проектот. Со сите промени кои ќе се случат ќе дојдат големи работи. Клубот секогаш е на прво место. ПСЖ постоел пред мене, а ќе постои и по мене и јас сакам само да го ставам мојот камен во градбата“, изјави Мбапе.